СОБИРАЊЕTO ХУМАНИТАРНА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО СКОПСКО ВО КАВАДАРЦИ ПРОДОЛЖУВА
Како што е најавено на два пункта во Кавадарци се собира помош за настраданите од невремето во Скопско. Еден пункт е сместен во Црвениот крст, а другиот на Градскиот плоштад.
За разлика од сличните акции, овојпат одзивот на граѓаните за учество во хуманитарната акција е послаб.Ова е првиот впечаток по состојбата со собраната количина вода , храна и средства за хигиена , вчера, но и денешната ситуација не е подобра.
Унијата на жени и на ВМРО-ДПМНЕ завчера а особено вчера беа активни.Тие собраа и донираа на 1.500 литри вода,и голема количина а на средства за хигиена и други материјали за настрданите во Скопско.Тие продолжуваат и понатаму, вели Анита Гинова -Каракутова.Слична активност за собирање имале и Унијата на млади сили.
И Општинската организација на СДСМ се вклучи во хуманитарната акција.Уште во неделата се организизираа и успејаа да соберат доста материјали – речиси цело комбе со вода средства за хигиена и други потребни материјали за загрозените семејства во Скопје.Помошта е веке доставена, а акцијата продолжува и наредниот период, не информира претседателот на Зоран Ѓеоргиев.
Според Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст, пунктовите ќе бидат отворени секој ден во наредните неколку дена од изутрина до околу 16 часот, а по потреба тој временски период може да биде и продолжен.На пунтот во Црвениот крст дежураат активисти на ова организација
Собраната помош континуирано ке се доставува. Наша оценка е дека досега одзивот е слаб особено затајувањето е од граѓаните. Затоа и ги повикуваме сите заинтереиран со симболичната помош која не е скапа да им се помогне на оние кои во овие моменти и те како им треба.Подобро е ние да помагаме, отколку ние да имамаме потреба од неа.
Инаку од страна на маркети и претпријатија има најава за помош, за што ке објавиме кога ке ни биде доставена информација за тоа.