Советот на Општината на својата трета ја донесе програма за одбележување на новогодишните и божиќните празници- 2018 година.Дочекот на Новата година е под наслов „Кавадарци заедно во Новата година„
Предвидено е : Во периодот пред нова година со основните училишта, градоначалникот и Дедо Мраз да се делат новогодишни пакетчиња за децата од прво до петто одделение на традиционалните новогодишни приредби .
Новогодишни пакетчиња општината има планирано и за децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, за децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.
Предвидена е и новогодишна детска претстава и изложба на друштвото на ликовни уметници од Кавадарци.
Локалната самоуправа по едногодишна пауза се јавива како организатор на Програмата на Плоштадот. А годинава ке се одржи исвечениот новогодишен прием кај градоначалникот за претставници од јавните и приватните комапнии како и Здруженијата на граѓани и други поканети.
На градскиот плоштад ќе биде организирана културно-забавна програма со настап на Кавадаречки групи-бендови се очекува на полноќ да се направи новогодишен огномет. Оние што ке дојдат на Плоштадот на 31 декември ќе ги забавуваат:Александра Михова, Ди џеј Фејс, рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал, водител и забавувач на вечерта е Диме Коцевски.
На 8 јануари ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ ќе го одржи вече традиционалниотр божиќен концерт.
Од Општинскиот буџет ќе бидат издвоени 803.527 денари за програмата.