На саемот „Продекспо“-кавадречката винарија ги освои потрошувачите со своите врвни вина Вирго и Фиано
Вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ ги собраа позитивните критики на илјадиниците посетители на годинешното издание на најголемиот саем за храна и вино во Русија и Источна Европа, „Продекспо 2018“.Претставниците од трговскиот, хотелскиот и ресторански сектор се буквално воодушевени од квалитетот на вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“, кој на овој саем се претстави со целата палета од брендот „Вирго“, во која е вклучен и најновиот адут на винаријата, виното „Фиано“ кое поради бројните специфичности е во центарот на вниманието.Претставувањето на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ на годинешното издание на „Продекспо 2018“ е во во организација на Македонско-руската стопанска комора и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.