Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=2466
    [QUERY_STRING] => id=2466
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 1976
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.141.29.162
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732494078.7586
    [REQUEST_TIME] => 1732494078
)
(Видео) На Свети Трифун во Кавадарци гости премиерот и претседателот на државата


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На едно место, во Кавадарци, на Свети Трифун; Градоначалник, Премиер и Претседател на држава е ретка слика.Да си посакаме родна држава и навремена исплата на предаденото грозје .

А денеска на Свети Трифун во Кавадарци, на чашка муабет , со вино и закројување беа присутни премиерот на РМ Зоран Заев, претседетелот на државата Ѓорѓе Иванов, министерот за земјоделие Љупчо Николовски а домаќин беше градоначалникот Митко Јанчев. Негова беше од подамна желбата на ваков празник каков што е празникот Свети Трифун сите заедно да празнуваме, партиските ставови да го ставиме на страна , да бидеме од страна на интересите на граѓаните во случајот на лозарите

Инаку премиерот на државата Зоран Заев претладнево прв допатува во Кавадарци со министерот за земјоделие Љупчо Николовски.Тој се сретна на Градскиот плоштад со претставници на винарии,земјоделци, поразговара со нив а потоа беше на приемот на градоначалникот во големата сала на Собранието.Овде пристигна и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.На средбата на приемот на градоначалникот Митко Јанчев беа сите советници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ , претседателот на Советот Ристо Сакалиев ,амбасадори на повеке држави од светот во Македонија,носители на високи државни и општински функциии други претставници на јавниот живот во градот и Општината.Тројцата наздравија со вино, а Јанчев ги запозна премиерот и претседетлот со актуелните моменти во градот поврзани со исплатата н грозјето односно субвенциите на лозарите, потребата од започнување со работа на ФЕНИ Индустри и други прашања.

На Градскиот плоштад во Kaвадарци поинаква атмосфера,можеби поради исплатените сувенции, заостанатите пари од неколку комбинати ,годинава многу повеќе граѓани отколку лани и пред тоа.Беше изведена одлична програма од организаторот,проткаена со македонски фолкор а закројувањето годинава го извршија претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, градоначалникот Митко Јанчев, Митрополитот на Повардарската Епархија г.Агатангел и пратеникот Панчо Миниов .Молитвата за Свети Трифун годинава е годинава бог да дава квалитетно гројзеи родот да се плати, а светецот да ги штити лозјата од болести и штетници.

„На лозарите и винарите во духот на нашата традиција да посакаме Свети Трифун да им донесе многу бериќет, а на винарите квалитет. Годината да биде родна и благородна. Годината да биде успешна не само за лозарите и винарите туку и за сите нас. Посакувам годината да донесе и многу вино кое ќе ни биде секој пат при рака кога треба да одбележуваме настани и да се радуваме на животот“ рече шефот на државата.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев им го честита празникот на лозарите и винарите:

„Денеска е голем празник за Кавадарци. Празникот Свети Трифун е заштитник на виновата лоза. Празникот е еден убав дел од нашето минато и треба да биде убав дел од нашата иднина. Овој Свети Трифун нека биде почеток на една нова ситуација во лозарството за едни нови стандарди. Винарските визби да бидат тие кои ќе прават добро вино, лозарите добро грозје, а државата да биде таа која ќе не заштити заедно со општината родот на грозје да се плаќа на време. Како градоначалник и лозаро производител да ви кажам дека ми е чест и задоволство една ваква убава општина со убав народ да ја закроиме оваа лоза и да покажеме дека ќе имаме бериќетна година“ рече Јанчев.

Градоначалникот како домаќин со претседетелот на државата Ѓорѓе Иванов го посетија Музејот на вкусови каде доминираат музејски поставки за вино.

Прославата на Свети Трифун продолжува и вечерва во Кавадарци. Предвиден е целовечерен концерт на Владо Јаневски, а пред полноќ ќе следи настап и диџеи.