Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=2558
    [QUERY_STRING] => id=2558
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 5306
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.226.82.90
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732491382.2074
    [REQUEST_TIME] => 1732491382
)
(ВИДЕО)Изложба на дела на големиот Глигор Чемерски


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци беше отворена изложба на дела од еден од најголемите македонски ликовни уметници Глигор Чемерски.

Со отварањето на изложбата градоначалникот Митко Јанчев ,Локалната самоуправа и Советот со Домот на културата и семејството Чемерски го одбележаа животот и исклучителното ликовно дело на Глигор Чемерски, кој по потекло е од Кавадарци, а роден е на 9 март пред 78 години.Делата кои беа претставени пред јавноста се во сопственост на институции од општина Кавадарци, како и дел од приватни колекции. Некои од нив првпат беа претставени пред јавноста.Отварањето на изложбата го седеа луге на јавниот и културниот живот,Секретарот на Општина Кавадарци Горан Чулев,претставници на Локалната самоуправа, кабинетот на градоначалникот,уметници,членови на семејството на Чемерски и други граѓани.

Глигор Чемерски високо на таа листата на најголемите уметници во Македонија на сите времиња. Тој заслужува внимание како човек кој поради својот придонес во уметноста стана ценет во земајата и светот,афирмирајќи ја Македонија и културата на ова земја.

По воведното обраќање од името на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, Владимир Темков на присутните пред присутните говореше Сузана Шалева.Таа во својство на шеф на кабинетот на градоначалникот им се обрати од името напрвиот човек на градот Митко Јанчев .Им се заблагодари на присутните во преполната Галерија,за чествувањето кое се прави за големиот Глигор Чемерски, што впрочем и го заслужува.Потоа следуваше говорот на професорот Темков кој на само нему својствен начин успеа да ја раскаже животната сторија на Чемерски.

Качувајќи се по семејното стебло на фамилијата Чемерски, односно Филипови и Глигорови, нивната крвна поврзаност со Темкови и Мазеви, професорот Темков раскажа бројни анегдоти, доживувања и интересни приказни за растењето на Чемерски, кој освен што бил голем ликовен уметник, бил и врвен есеист. „Влијанието на големиот Петар Мазев врз Чемерски беше причината поради која тој се определи за ликовната уметност, иако ќе беше исто толку голем ако станеше и есеист, романсиер, писател“ - рече Темков.

dsc01612.jpg

Зборувајќи за делата на Чемерски, Темков не заборави да ги спомене велемајсторските мозаици во Вруток, Кочани, во претседателската куќа на Водно, Кавадарци, но и делата кои красат бројни простории ширум во светот, но и да ги напомене неправдите кои му се нанесени, пред се поради тоа што никогаш не доби професорски статус, иако секогаш знаел да им помага на младите уметници, но и неиздавањето дозвола да отвори приватен универзитет за уметности.

На крајот од својот говор, со треперлив глас и по некоја солза, професорот Темков ги спомена и трите несреќи кои го потресоа семејството Чемерски во последните две години во кои освен Глигор, починаа и двата негови сина, Филип и Огнен.

На крајот од вечерта посветена на ликот и делото на Чемерски, Владимир Темков им се заблагодари на сите присутни, но и на градската музеј галерија и на сопствениците на приватни галерии кои оваа вечер ги ставија дел од делата на Чемерски на увид на кавадаречката јавност.

Инаку Чемерски се образувал во Кавадарци, Скопје, Белград и Париз. Завршил Академија за ликовна уметност во 1963 г. во Белград во класата на Проф. Ѓорѓе Андреевиќ Кун, а постдипломски студии на истиот Универзитет. Како стипендист на француската влада Глигор престојува во Париз од 1969 до 1970 година. Многу често престојува во Франција, а неколкуипати изложува свои дела во Galerie Fleove во Париз. Во 1960 година ја отвора својата прва самостојна изложба, а за време на својот живот реализирал повеќе од 70 сетина изложби ширум светот. Чемерски е автор на голем број монументални дела ( мозаици) во Кавадарци, Будва, Херцег Нови , Скопје, Белград, Загреб, Париз, Дубровник, Хаг, Будимпешта, Истамбул, Вашингтон,Атина, Сараево и др. Меѓу неговите монументални споменици ќе ги споменеме “Споменикот на слободата“ во Кочани, Мозаикот “Човек и светлина“ во ХЕ Вруток, мозаиците во Кабинетот на Претседателот на Р. Македонија, вила Водно во Скопје. Во својот роден град Глигор Чемерски има реализирано 5 самостојни изложби во 1973 г. во аулата на билиотеката Феткин , во 1985 и 1999 и 2006 година во Музеј-галерија Кавадарци и една во Дом на културата во Кавадарци. Во Кавадарци Чемерски има изработено 3 монументални мозаици во тремот на Музеј-галерија Кавадарци, на западниот ѕид од поштата и на северниот ѕид од поранешната Стоковна куќа.