„Во тек е асфалтирање на ул.Црноречка. Согласно проектот предвидено е асфалтирање на ул.Црноречка, 4 краци од оваа улица како и асфалтирање на ул.Јован Планински спој со ул.Ѓоре Брушански. Денес се асфалтираат 3 од овие улици а во текот на утрешниот ден ќе се изврши и асфалтирање на уште 2 улици. Асфалтирањето се врши со дебелина од 7 сантиметри а претходно беа поставени ивичњаци и уредување на долен строј. Ќе се асфалтираат вкупно 1850 метри квадратни, изведувач е Градба промет а финансиската вредност на проектот е 4 366 000 денари.„- се наведува во најновото соопштение од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
м.д.