Денеска Локалната самоуправа започна со поставување метални столбчиња за влез со автомобили во Градскиот парк
Во последно време зачестени се непрописните ,забранети, влегувања во Градскиот парк„Љупчо Шкартов„.Се реагира насекаде, а најчесто на социјалните мрежи.Со оглед на заложбите на градоначалникот Митко Јанчев,Локалната самоуправа и Советот за заштита на најголемато парково зеленило во градот пристапено е кон почетните форми на заштита на паркот од современи автомобилски вандали кои се почесто влегуваат во тесните патеки за пешачње.Денеска на сите официјални и споредни влезови поставени се метални столбчиња и рампи како прва одбрана за од напасниците.Ќе следуваат и други мерки: осветлување, физичка заштита и сл.