На 27 и 28 август се одржа традиционалниот Демиркаписки панаѓур посветен на верскиот празник Голема Света Богородица“.Годинава панаѓурот беше посетен од голем број гости кои допатуваа од повеќе градови од нашава земја. На финалната вечер на турнирот во мал фудбал беа прогласени победниците и беа доделени наградите.На 28 август во раните утрински часови Црквата „Света Богородица“ беше посетена од голем број верници и за нив беше отслужена света божествена литургија.
Во центарот на градот на тротоарите беа поставени тезгите на кои се продаваа разни производи потребни за секое домакинство.Гостите слободното време го искористија и за посета на Музејот, Винарските визби, Демиркаписката Клисура и знаменитите места во Демир Капија.