Комуналната изградба во делот на улиците стартуваше со нов поголем проект согласно кој ќе бидат ревитализирани коловозните ленти на неколку значајни сообраќајници во градот.
Механизацијата и работниците на фирмата „Изолација“ од Скопје денеска започнаа со гребење на стариот и оштетен асфалт на значаен дел од улицата „Ѓоре Брушански“. Во оваа фаза од нејзината ревитализација ќе бидат изгребани вкупно 2.400м2 оштетен коловоз, по што ќе следи поставување на нов слој асфалтна подлога.Општината Кавадарци во сколоп на оваа градежна кампања ќе ги ревитализира и најоштетените делови од улиците „Браќа Џунови“, „Народни херои“ и улицата „Дисанска“.