По повод најавата за посетата на германскиот екстремен спортист Пјер Бишоф , кој во рамките на својата Синалко Турнеа требаше да
пристигне и во Кавадарци, Здружението Тиквешки Точакџии и Кожувчанка и Синалко Кавадарци организираа забавен хепенинг на Градскиот плоштад.
Беше се спремно за што е можно поголема масовност но дождот кој паѓаше токму во моментот на организирањето на настанот тоа не го овозможи.Сепак не изостана поддршка на овој настан а со тоа и претставување на Кавадарци како град со висока велосипедска култура.Со возење на една велосипедска парада низ град Кавадарци на точакџиите тоа се постигна а Кожувчанка и Синалко се погрижија сите повозрасни и помлади велосипедисти да добијат пијалаци,балони и да се забавуваат со радио водителот Дуле Стефанов и Ди џеј Були. На платото пред Собранието ја забележавме генералната директорка на Кожувчанка и Синалко за Македонија Јанинка Чупаркоска која со своите соработници го следеше настанот.Инаку собирот со по неколку збора го поздравија претставникот на Маркетингот на Кожувчанка; Митко Јовановски,преставникот на Сојузот за училишен спорт Милан Колев,на Тиквешки Точакџии: Живко Гурев и ЛазарТрајков-кои наменија една зелена мајца за Пјер.
За жал поради невремето Бишов не пристигна во Кавадарци денеска но нашите велоспедисти и Синалко се спремни да го дочекаат.За да го започаат повеќе Стефанов прочита биографија за него.