Во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба, Oпштината Кавадарци започна со проектот за изградба на дел од тротоарот на ул. „Дисанска“.
Се работи на подготовка, тамопнирање и поплочување на површина од 500м2, со приоритет на страната каде се наоѓаат индивидуалните станбени објекти.Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Ас Машини“ која согласно проектот покрај поплочувањето треба да вгради и 220 метри големи и мали ивичници.За оваа намена општината инвестира 1.050.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комунална изградба.По реализацијата на овој проект, општината на овој дел од улицата ќе обезбеди безбедни услови за движењето на пешаците во овој дел на населбата „Парк“.