Општина Росоман ке ангажира пет лица за чистење на зелени површини покрај патиштата и фудбалски игралишта во Општината
Започна проектот за Јавни работи каде Општина Росоман преку Агенцијата за вработување на Република Македонија ангажира 5 лица со ниски квалификации.Тие ке работат на заштитата на животната средина за подобро движење на пешаците на територијата на општина Росоман и зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот на локалните патишта.
Лицата ангажирани во проектот конкретно ќе извршуваат активности во правец нa:Средување на јавните зелени површини,кастрење на вегетацијата,одржување на селските патишта и фудбалски игралишта како и чистење и оддржување на чистотата на повеќе локации.