НЕГА ЦЕНТАР ПРЕКУ ЦРВЕН КРСТ КАВАДАРЦИ
ОКОЛУ 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОБЕЗБЕДИ ВЛАДАТА ЗА ПРОЕКТОТ ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
Црвениот крст Кавадарци денес ја претстави новата услуга која ке ја воспостави во наредниот период од 18 месеци во соработка со Општина Кавадарци. Накратко кажано Црвен крст обучува 20 негуватели кои треба да дадат нега на 100 стари и изнемоштени лица во нивните домови. За самиот проект говореше градоначалникот Митко Јанчев а за деталите за проектот и оние кои ке бидат вклучени во истиот говореше секретарот на Црвениот Крст Кавадарци, Роза Илова.
М.В.