Под мотото ,,Заштити го својот дом,, денес полицијата во Кавадарци реализира превентивна акција за укажување и заштита на граѓаните во време кога заминуваат на годишни одмори и подолг период нивните станови и куќи остануваат незаштитени доколку дома немаат оставено некое повозрасно лице.
Во оваа активност која ќе продолжи и во следниот период беа опфатени сите туристички агенции преку кои граѓаните реализираат туристички аранжмани, така што беа поделени едукативни флаери за граѓаните, а исто така и вработените во агенциите беа едуцирани како да им укажат на граѓаните да го заштитат својот имот кога ќе заминат на годишен одмор. Освен превентивните мерки што треба да ги превземаат, да не чуваат дома поголема количина готови пари, накит, вредни предмети, да го доверат станот на близок роднина или сосед кој ќе внимава на него, инсталирање алармни уреди, сензорски светилки, светла кои се палат автоматски на одреден временски интервал. На граѓаните им беше сугерирано и она што посебно не треба да го прават, а тоа е оддавање на својот престој преку фотографии на социјалните мрежи, со што во многу им се олеснува работата на потенцијалните криминалци кога веќе знаат дека станот е слободен додека вие се сончате на некоја од песочните плажи далеку од својот дом.