Дрекслмајер е докажан партнер на ЈЗУ Општа болница Кавадарци. По неколкутепроекти кои беа реализирани во оваа институција, од неодамна болницата восопственост доби и автомобил.
Компанијата Дрекслмајер излезе во пресрет на потребите на медицинскиот персонал и ворамки на својата програма за општествена одговорност го предаде возилото во сопственостна оваа здравствена установа. Клучевите од автомобилот му беа врачени на директорот наболницата др. Диме Коцев од страна на генералниот директор на Дрекслмајер Македонија,Лукас Мирингер.
„Благодарност до Дрекселмаер за поддршката која ни ја дава. Возилото што го добивме е одголема полза за персоналот на болницата што придонесува отсега и ние да бидемепомобилни и подостапни“, истакна директорот на болницата др. Коцев, за време напримопредавањето на автомобилот. „Благодарение на оваа компанија нашата болницарасполага и со најсовремени апарати гастроскоп и колонскоп и е единствена во целиотрегион во која се вршат прегледи со оваа апаратура“, додаде др. Коцев. Медицинскитеапарати кои беа донирани придонесоа пациентите од регионот брзо да закажуваат прегледиво болницата во Кавадарци и повеќе да не се упатуваат во поголемите клинички центри.
-„Драго ми е кога заеднички постигнуваме нови цели. Покрај медицинската опрема, овој патсакавме да излеземе во пресрет на медицинскиот персонал и среќни сме за укажанатаможност да ја олесниме секојдневната работа на тимот во болницата", рече ЛукасМирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.
Преку реализација на голем број проекти од различен карактер компанијата Дрекслмајеростанува доследна на својата мисија да го поддржува регионот. И во иднина спроведувајќибројни активности ќе останеме негов лојален партнер.