Деновиве градежната оператива на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работи на пробивање на тротоар на улицата „Западен булевар“ наспроти Градските гробишта. Според проектот на општина Кавадарци вчера и денеска се оформува површината на идниот тротоар и се поставуваат рабници. Тротоарот се наоѓа на десната страна од коловозот на потегот од новопробиенета траса до спојот со улицата „Вишешница“ во правец на спортската сала „Јасмин“. Наредните денови ќе следи тампонирање и поплочување со бехатон коцки. Во оваа фаза паралелно се работи и на ровот за подземната нисконапонска мрежа од Јавното улчично осветлување. На оваа делница ќе се постават седум метални столбови со осум ЛЕД светилки. Општината со овој проект уредува значајна сообраќајница со која се намалува сообраќајната оптовареност на „Ресавска“ и околните улици. Воедно ја подобрува и безбедноста во сообраќајот на западниот влез во градот од правец на Прилеп.