Денеска беше спроведена превентивна акција на полицијата .
Акцијата беше предвидена во од заклучоците и предлог мерките донесени на Советодавната група на граѓани одржана во месец мај оваа година.. Иако до сега во овој летен период временските услови се поволни и се во прилог на заштитата на шумите од пожари, сепак во корист се и ваквите превентивни акции на терен и предупредување и укажување на граѓаните како да се однесуваат кога се во шумските предели, кога палат оган на отворен простор или кога ќе забележат шумски пожари. Во овие активности беа вклучени и студенти од Факултетот за безбедност- Скопје кои изведуваат практична настава во ПС-ОН Кавадарци .Акцијата беше изведена на патниот правец Кавадарци-Моклиште.