Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, со претставата “Пасивно пушење“ ќе реализира гостување во соседна Албанија.
Поточно, на 27 јули 2018, кавадаречкиот тетарар ќе настапи на Манифестацијата “Македонско културно лето 2018“, во Пустец, Мала Преспа. Инаку оваа Манифестација се одржува по единаесети пат, на неа годинава учествуваат повеќе професионални театари од Македонија, а Театарот при Домот на Културата од Кавадарци по втор пат учествува на истата.