Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, беше отворена изложбата на дела изработени на Преспанската ликовна колонија
Се работи всушност за ликовна работилница насловена “Низ четката на преспанските уметници“, која организаторите имаат намера да ја прошират како ликовна колонија.На неа главно учествувале преспански уметници, од годинава и пошироко,македонски а во иднина истата ке има меѓународен карактер.Така барем најави дирекорот на Домот на културата „Деаги Тозија„ од Ресен, Васко Василевски,кој синоќа говореше на чинот на отварањетио на околу 30-на дела изработени на брегот на Песпа.На отварањето на изложбата говореа и ликовнииот уметник Владимир Темков и самиот учесник на колонијата заедно со Кире Јосифов, како и директорот на Домот на културата „Иван Мазов Климе„-Александар Малинков.Малинков ја нагласи големата уметничка порака која ја носат делата изработени на ова колонија, што можеа присутните и да забележат од самите слики кои од вечерва и наредните 10-дена ке бидат изложени во Галеријата на Домот на Културата Кацадарци.
Делата се настанати за време на дводневна ликовна колонија во Претор.Истата по седми пат е во организација на Домот на културата “Деаги Тозија“ од Ресен со учество на уметници од преспанскиот крај, но и нивни гости, ликовни уметници од Македонија.
Изложбата е во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2018“.