Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3169
    [QUERY_STRING] => id=3169
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 54120
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.135.204.43
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732483209.1088
    [REQUEST_TIME] => 1732483209
)
Дрекслмајер – Отворен ден за компаниите


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Дрекслмајер ги отвори вратите за стотина домашни компании.

-Соопштение на компанијата

„На отворениот ден, компанијата пред претприемачите ги презентираше внатрешните корпорациските правила при процесот на набавки. Како да се оствари првичен контакт со компанијата, каков е процесот на набавки и кои критериуми и услови треба да се исполнат за деловна соработка со Дрекслмајер. Ова се најчестите прашања за кои се заинтересирани да добијат одговор домашните компании. Иако Дрекслмајер успешно соработува со преку преку шестотини домашни компании, сѐ поголем е интересот на македонските потенцијални добавувачи кои се заинтересирани за деловна соработка. Токму затоа на отворениот ден за компаниите, актуелни, но и многубројни идни потенцијални добавувачи имаа можност директно од одговорните лица во Дрекслмајер да дознаат повеќе за целата постапка во синџирот на набавки.

Димитар Ефтимовски директор на продажба во компанијата „МЗТ Пумпи“ која е долгогодишен добавувач на Дрекслмајер ја поздрави идејата: „Ова е одлична можност да запознаваме нови партнери. Дрекселмаер е водечка компанија во многу области и е голема придобивка за економијата во овој регион“. Од нарачка до испорака – целата постапка се одвива според внатрешни корпорациски правила кои гарантираат транспарентност и сигурност кај добавувачот, а целта на настанот беше да им се доближат овие правила и на потенцијалните македонски добавувачи. Исто така компаниите имаат можност да го запознаат и локалниот тим за набавки во Дрекслмајер како и да разменат контакти со одговорните лица.

„Големиот интерес за деловна соработка на домашните компании нам ни покажува дека тие во нас препознаваат сигурен, стабилен и атрактивен клиент. Особено се радувам што меѓу вас денес имаме и компании кои започнале како добавувачи на Дрекслмајер Македонија, а во последните години се развиле така што денес да се добавувачи на DRÄXLMAIER Group во светски рамки“, истакна во поздравниот говор Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

„Градењето на меѓусебната доверба е долготраен процес, а составен дел на нашето партнерство е обезбедувањето на услуги со највисок квалитет и според највисоки меѓународни стандарди“ - Маjк Штајнмец директор за индиректни набавки во DRÄXLMAIER Group.

Компанијата Дрекслмајер останува и понатаму отворена за соработка со заинтересираните домашни претприемачи. Нашиот партнерски однос е насочен кон спроведување на интернационални стандарди, креирање на компетитивна средина и препознавање и квалификување на нови технологии и добавувачи„ -се вели во официјалното соопштение од компанијата Дреклмајер.