Вечерва со производителите на грозје од Кавадарци беше премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот Кочо Анѓушев и градоначалниците на Кавадарци, Митко Јанчев и на Неготино, Тони Делков.
Засилени инспекциски контроли најави премиерот за винариите да не манипулираат со килограмите и шеќерноста при откупот на грозје.
„Продолжуваме со активностите, ќе видиме какви се цените во соседството. Ќе разговараме со винарските визби да прифатат минимални цени од 13 и 15 денари за килограм смедеревка и вранец, наместо нивните 11 и 13 денари. Ќе преговараме користејќи ги вашите аргументи. Ќе направиме се што можеме и во најскоро време ќе информираме за резултатите. Цената на грозјето мора да биде достоинствена, рече Заев пред лозарите.
Овие заклучоци беа прифатливи за лозарите. Премиерот беше дециден дека вратите се отворени за сите откупувачи и од соседството со цел да се создаде конкуренција во цената.
Вицепремиерот Анѓушев вети засилена инспекција при откупот. Винарниите не смеат да се договараат околу цените, а државата може само да разговара со економските субјекти и да нуди поволности, но не и да врши притисок. Бариери за извоз на грозје не постојат. Градоначалникот на Неготино Тони Делков рече :
„Овде сме да се обидеме да изнајдеме решение, да ги добиеме сите можни информации и уште еднаш да кажеме дека Владата постои заради граѓаните, овде сме во рамките на сите наши можности да помогнеме околу се што претставува интерес на граѓаните. Сметајте на нас во рамките на сето она што претставува наша можност , тоа ќе го направиме, рече премиерот Заев на состанокот со лозарите во општинската зграда.
Премиерот информираше дека и во изминатиот период се одржувани состаноци на тема откупна цена на грозјето и дека фокусот на владата е во во таа насока. Нагласи дека благодарение на упорни разговори и внимателна политика се исплаќале пари од „Повардарие“ за грозјето купено во 2014, 2015 и 2016 година.
„Продолжуваме секоја пара што ќе ја обезбедиме да ја враќаме назад кон лозарите. Секако задоволството не може да биде до крај еднакво за сите. Но ќе продолжиме со таквите политики до крај додека можиме. Еве за тоа сум дојден овде со намера да помогнам и секако да бидам во полза на граѓаните и на лозарите“ рече Заев.
Производителите на грозје го информираа премиерот дека се незадоволни од одлуката на визбите да не им ги даде бараните 15 и 17 денари за смедеревката односно за вранецот. Откако Заев им ги презентира официјалните цени за откуп во најголемата винарија во Македонија, „Тиквеш“ на најзастапените вински сорти и дека добил информација дека тоа биле цени повиски за еден денар споредено со ланските цени. На таквата информација лозарите негодуваа и кажаа дека визбата само ги манипулирала со скалата за шеќерни единици, а не и дека реално ја покачила цената за еден денар.
„Визбите се празни, извозот им е зголемен за 9 отсто на флаширано вино. Капацитетите им се празни и спремни да откупат поголема количина на грозје“ им кажа премиерот на лозарите и им нагласи дека останува целосно посветен и дека доколку постои потреба лично ќе се вклучи во преговорите за повисока цена со сопствениците на винарските визби.
Пратеникот Панчо Минов побара владата во програмата за директни плаќања да го стави и субвеционирањето на грозјето со одредена сума по килограм купено грозје во домашните визбии.