Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3397
    [QUERY_STRING] => id=3397
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 49485
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.14.251.103
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732481395.6113
    [REQUEST_TIME] => 1732481395
)
/Видео/ 54 години Тиквешки гроздобер - Приказната 2018-та успешна


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градиначалнкот Митко Јанчев, и Локалната самоуправа со Советот на Општина Кавадарци ,годинава, успејаа да го вратат реномето на најголемата стопанско - туристичка манифестација посветена на бербата на грозјето-Тиквешкиот гроздобер

Тиквешкиот гроздобер e продолжение на богата традиција која на овие простори постои и се одржувала уште во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на виното Дионис и виновата лоза, биле одржувани „Дионисиеви денови“. Овие свечености траеле неколку дена и на нив присуствувало целото население (и слободните граѓани и робовите). Овде во Тиквешијата- грозје се одгледувало уште во античко за што има археолошки пронајдоци во овој крај: надгробни стели, мозаици и релјефи .-

Лозарството во средниот век се негувало на главно во црковните и манастирските имоти, каде што се правело убаво вино. Со доаѓањето на Турците стагнира производството на вино , затоа што со коранот била забранета употребата на алкохолни пијалаци.

Почеток...

-Во ова ново време во 1964 година на иницијатива на тогашното Општинското раководство во Кавадарци се организира првиот „Тиквешки гроздобер“ , Празник посветен на грозјето и виното со кој се означувал стартот на масовната берба на грозје во овој крај –манифестација која има стопански, културен и туристички карактер. Првиот одбор на оваа манифестација брои 60 членови. На една од ретките фотографии од првиот Тиквешки гроздобер во 1964 година се гледа директорот на АК “Тиквеш“ Диме Галапчев во кругот на комбинатот, кој го откинува првиот грозд со што и официјално започнува Гроздоберот.Сега тоа се историски снимки. До 1981 година ова манифестација имала перманентна тенденција на развој и популарност.Неизбежно е да се споменат познатите музичките звезди кои имале концерти тоа на Плоштадот во Кавадарци,зeмјоделската изложба која се одржувала во салата на ДТВ „Партизан„ a kрајот на 60 години започна одржувањето на Мото трките кои се бодуваа за првенството на Југославија.Вино и грозје се продавало низ цел централен дел на градот каде вриело од народ.Задолжителна содржина без кој Гроздоберот не беше тоа , е карневалот кој предизвикуваше најголемо внимание.А карневалот и беше неизбежен со бог Бахус и кралицата кои го симболилизираа зрелото грозје.Бахус го откинуваше првиот грозд со што во то време и започнувала бербата на грозјето. Во ликот на богот на виното, радоста, веселбата, плодноста и безгрижниот живот, Дионис (Бахус) најчесто ги гледавме актерите Блажо Николов, Данчо Бањански, Блажо Дињарот, Александар Видиков и Александар Малинков. Јован Јосифовски – Ромбо како уметник, во 60-тите години особено беше еден од ликовните уметници кои беа најзаслужни за декорацијата и ликовното обликување на карневалската поставка. Потоа следуваа период кога настапи помладата генерација уметници кои оставија белег на гроздоберот. Карактеристичен беше и изборот на убавица на грзодоберит така наречена МИС –ТУРИСТ.Тие 60 години на минатиот век вистинскиот гроздобер -особено бербата на винските сорти на грозје започнуваше на средината на септември цел месец порано од сега.

Пауза и обид за возобновување...

-Така беше се до 1981 година кога нивото на одржувањето падна и следеше пауза од цели 15 години кога овој празник на грозјето и виното мируваше.Градоначалникот Манчо Мицајков направи напор да ја организира истата но тоа му успеа само 1996 и 1997 година за потоа истата повторно да замре.

-Новиот кам бек на Тиквешки гроздобер следуваше по доаѓањето на градоначалничката функција на Панчо Минов 2000 година. Првите неколку години од возобновувањето Гроздоберот блесна во полн сјај, градот започнаа да го го посетуваат илјадници гости од Македонија и надвор од неа , се врати стариот дух на празнувањето. Во 2001 година, локалната самоуправа на Кавадарци направи сериозни подготовки за организирање на Тиквешкиот гроздобер. Секоја година потоа се избираа претставници на гроздоберот: крал, кралица и нивни придружници. Учесници во карневалската поворка беа ученици од кавадаречките училишта. Дефилето пак го збогатуваа гости: ансамбли и уметнички друштва од Македонија, од бившите југословенски простори, соседните држави, од Романија, Бразил. Во вечерните часови се одржуваа голем број на концерти на познати групи и изведувачи од Македонија и Балканот. За карневалското дефиле тогашната општинска власт се подговувала цела година и костимите и кореографијата и сценографијата биле на нивото на слични манифестации во Европа.Со цел да се неправи нешто оригинално на Градскиот Плоштад беше изградена македонска куќа каде се одвиваа главните содржини.

- Во 2002 година атрактивни беа слоновите од циркусот „Колорадо“ кој во времето на одржувањето на гроздоберот гостуваа во Кавадарци. Карнвалската поворка од 2009 година се збогатува со учество на карневалски групи од други градови во Македонија и збратимените градови на Кавадарци: Панаѓуриште, Углевиќ, Перник, Бољевац и други градови.

Тиквешки гроздобер 2018

-А ова 2018 та-година Тиквешкиот Гроздобер светна во полн сјај. Со спектакуларен огномет беше означен крајот на последата Музичка содржина-Концертот на ЦЕЦА., содржина со која си го врати стариот сјај на задоволство на граѓаните на Кавадарци.Последната вечер кога на Плоштадот пееше Цветлана Ражњатициќ Цеца-спекталот го гледаа рекорден број посетители.Гостите кои дојдоа во Кавадарци , а ги имаше од цела Македонија,пристигаа со автобуси со автомобили.Обезбедени беа и исполнети сите 4.000 паркинг места на фирми и установи од градот.Организаторот Градоначалникот Митко Јанчев администрацијата на Локалната самоуправа се погрижија во време од 6 месеци да се подготват сите детали.100 лица волонтери беа вклучени во регулирањето но паркирањето и сообраќајниот метеж на 9 локации со обезбедеен бесплатен автобуски превоз на граѓаните од околните градови кои има намера да дојдат во Кавадарци.На самиот концерт на Цеца колоните на автобуси и автомобили кои доаѓаа кон Кавадарци изнесуваа неколку километри, нешто што ретко се случува а кога заради безбедноста на сите, полицијата и администрацијата која се координираше ,покажа умешност и решавање на состојбата за брзо време.Професионално сработено.

Толку многу народ на едно место на Градскиот Плоштад , улиците „Маршал Тито,и „Илинденска“ немало досега...И постарите наши сограѓани ке се сложат со овој факт.За разлика од порано сега е сменета перцепцијата за забава,опуштање,прослава.И затоа имавме атмосфера која неможе да се спореди со било која.Некогаш кога во Кавадарци одеднаш, главно на карневалот ,во недела, имало максимално 30.000 гости,“Тиквешкиот гроздобер „ имаше свој флуид и шмек кој беше поедноставен , за тогашните прилики соодветен и поедноставен а убав.Тогаш очекувањата биле помали. Сега од ова манифестација која се организира со прекини 54 години дише со друг ритам, во ново време, во 21-век кога вредностите се менуваат,навиките исто така , но и желбата и перцепцијата за прослава на бербата на грозјето во ново светло поразлично од поранешните концепции за прослава.Сега се оперира со бројка од околу 50.000 луге што е импозантна бројка-апсолутен рекорд.

И порано имаше музички звезди кои собираше многу народ,и сега.Сeга е некако поинаку-има друг феномен. Ние сме чуден народ.Тогаш кога од нас не се очекува вниманието да го насочиме кон некои музички предизвици, тоа и го правиме обратно пропорциолано на нашиот избор.И во тоа е разликата и неспоредливоста.Гроздоберот има својаенергија и магија која се случува еднаш годишно, и затоа тогаш кога тој трае н’е важат вообичаените правила на вредностите.....Впрочем за сите работи на вкусови не треба да се расправа.Битно да се погоди времето и просторот каде сакаш тоа да го направиш тоа на едно место.Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев – тоа го погоди годинава на 7, 8 а особено на 9 септември и затоа беше задоволен што се оставри неговата желба да успее на „Тиквешки грозодбер 2018„ во Кавадарци да привлече најголем број луге.По слободна проценка концертот на Цеца го следеле 50.000 а на Форумот на Светлана Ражњатовиќ- Цеца на ФБ објавена цифра од 60.000 посетители-што е рекордно за Кавадарци .

Не беше Гроздобер само во неделата навечер.Истото ден имавме Вински карневал со над 750 учесници од Кавадарци и неколку карневалски градови од Словенија , Бугарија ,Хрватска и други места.Истиот , барем за нашиот дел на подготовката е спреман 6 месеци со оригинални костими и маски, кои оставија впечаток а се вклучија речиси сите средни и основни училишта.33 - поставки со одлична кореографија, со тоа карневалот се враќа во старата форма.Кавадарци на последниот ден од “„Тиквешки Гроздобер 2018„ го посетија претседетелот на државата Ѓорѓе Иванов,министерот за надворешни Никола Димитров , неколку абасадори во земјава, преставници на допломатскиот кор, шефот на опозицијата Христијан Мицковски претседател на ВМРО-ДПМНЕ,а овие денови престојуваа и делегации на градови со кои Кавадарци има братски, пријателски или економска соработка.

-Градоначалникот Јанчев и претседателот Иванов ,со откинување на грозје го означија симболично стартот на Гроздоберот во Тиквешијата, а винската кралица и крал наздравија за добро вино а менадите потоа започнаа да го газат грозјето за да протеше шира а потоа и вино.

Да потсетиме на 7 и 8 септември во рамките на Гроздоберот; останаа но се воведоа нови содржини.Потсетуваме дека се одржа кошаркарскиот турнир посветен на сестрите Китеви,промоцијата на книгата „Буке“ на Душан Стефанов,трката на келнери на Илинденска ,натпреварот на вински коктели, Промоцијата на книгата „Ризницата на ликовни дела„ во Музеј-галерија на книгата на Весна Ѓорѓиева и Трајче Цветков,изложбата на ликовиот уметник Лазар Дојчинов ,ревијалниот непревар на ГРК Тиквеш и ветераните на македонската ракометна репрезентација,ревијата на велоспедистите на Тиквешки Точакџии, и мото релито, цртањето графити,на кошевите на спортскиот центар турнир во Стрит бол баскет. Големо внимание годинава предизвика изложбата на стари возила .Илјадници граѓани го проследија овој редок настан, кој годинава се одржа на централното плато на Градскиот плоштад.И Таблијадата исто така предизвика виден интерес-годинава со учество и на натпреварувачи од други градови.

Малото паркче–сега „Паркот на револуцијата“-спроти Полицијата беше место каде се пееше,свиреше,пиеше вино и јадеше скара.Многу граѓани уживаа во гроздоберската атмосфера токму овде.Организаторот ја погоди работата околу повторното активирање на ова локација за опуштено и пријатно доживување на Гроздоберот.На бината за време од трите дена пееја и свиреа домашни групи и пеачи со македонска староградска музика.

На плоштрадот пак ги видовме одличните изведби на : Фолкорниот ансамбл „Тиквеш„Љубојна,Некст Тајм,Џамбо Агушеви, Слаткаристика и Киско, Хепи енд бенд а младите уживаа во музиката на диџеј Гоце,Пикиспи,Џорџ и на Градскиот плоштад и Ди џеј Санди Ривера и ди џеј Мосел на Костурницата во Градскиот парк .

Спонзори на годинашнава манифестација беа, ВВ Тиквеш.Еуро Никел,ВВ Гоце ДЕлчев Тиквеш, Кожувчанка,Градба промет донатори беше поголем дел од бизнис секторот ка Кавадарци.

Се на се ,Манифестацијата „Тиквешки гроздобер „ си го врати стариот сјај -во ново светло и со нова димензија,поразична-а сепак блиска на луѓето кои живеат во Тиквешијата.Кавадарци се гордее што градоначалникот Митко Јанчев и администрацијата со Советот на Општината успејаа да направат тридневен хепенинг во кој секој си најде задоволство за себе и семејството.

Беше тоа успешен проект кој треба да се повтори.Се надеваме в година.

м.д.