Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3432
    [QUERY_STRING] => id=3432
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 25552
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.21.21.209
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732470611.5778
    [REQUEST_TIME] => 1732470611
)
/Видео/Советот реши заради голем интерес на граѓаните : Субвенциите за греење да продолжат


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од 5 до 20 октомври ке трае јавниот оглас за поднесување на документација за добивање право на субвении за инвертер клими, печки на пелети или плин

Денеска Советот на Општина Кавадарци ја одржа Петнаесетта седница .Седницата поради зафатенот со ОИК (Општинска изборна комисија) наместо во Собранието , заседанието се одржа во салата (втори спрат) при Дом на култура ,,Иван Mазов –Климе,, Кавадарци.

На дневен ред беа повеќе актуелни прашања и материјали од делокруг на работата на Советот.Ова тело денеска заседаваше во полн состав.Првите 22 точки се однесуваа на Годишни програми и извештаи за работра на образовните институции од Општинава чиј основач е Советот односно градоначалникот и локалната самоправа. Затоа и сите извештаи и програми се гледаа одеднаш а се гласаше пооделно.Сите добија зелено светло а советниците и градоначалникот диксутираа за неколку.

Така поради актуелната состојба со проблемите од безбедносен карактер Ташо Радњански,Лазар Тириманџов,Божанка Минова и Митко Јанчев говореа како да се реши или се направат обиди да се реши прашањето со таканаречената дива населба „тенеќи маало“.Туриманџов ја потенцира лошата хигиенска ситуаија на жителите-роми и големиот процент на смртност на мали деца со заложба дека мора да се најде решение за овие граѓани.И Радњански побара трајно решение на проблемот преку сондирање и влез на невладини организации во населбата, а Јанчев предложи заклучици конкретно да се скенира ситуацијата , да се пронајдатат начини за инвестирање на Министерството за труд и соијална политика и Локалната самоуправа во ова или во нова населба за овие лица или да се најде соодветнио решение.Вака не може да се продолжи.Истовремено да се засилат контрилите на полицијата, како не би се загрозувале децата кои минуваат во близина на улицата „Видое Смилевски„ а се изложени на напади и други непријатности .Градоначалникот се заложи до Нова Година со владините институции се испитаа сите детали и сондира состојбата на терен за да можат советниците потоа да донесат соодветно решение на проблемот .

20180.jpg

СЕ расправаше и по прашањето за изградба на детски градинки. Митко Јанчев-како градоначалник иницираше а истовремено и информираше дека до Нова година ке се изградат 7 занимални при постојните единици на ДУ „Рада Поцева„ за сместување на 150 до 170 деца. Но мора да се реши трајно проблемот со сместувањето,Јанчев најави за планот дека во 2019 треба да се гради нова градинка од јавен карактер и една приватна градинка.Со тоа би бил решено ова прашање со оглед на тоа што сеуште за сместување чекаат 340 деца.До Нова година треба да се изготват и да се постапи по критериумите за упис на деца во Градинките.Ова во Кавадарци веќе е проблем, за кој денеска јавно се кажа.Советниците, јавните служби,директорката и други добиват молби за ургенции за прием на дечиња за престој во градинките.Ова го потвдрдија и одделни советници.За да се избегне дискриминацијата ке се постапува согласно критериумите кои ке мора да се почитуваат- рече Јанчев.

Јанчев ,во својата дискусија , најави дека до крајот на ова и наредната година ке отпочне постапка за изградба на базен и спа центар на местото на поранешна Ла Луна, повремено лизгалиште во СС „Јасмин“ како изградба на две фискултурни сали во ОУ„Страшо Пинџур„ и „Димката А. Габерот„ во Ваташа„.

Советниците на предлог на градоначаникот донесаа одлука за ставање на располањење на додатни 2 милиони денари наменети за субенционирање на печки за грење и инвертер уреди кои не ја загадуваат околината.Кандидатите кои ке аплизираат од 5 до 20 октомври, ке треба да ги достават сите документи со фискална сметка до Собранието и ке учествуваат во јавно извлекување на евентуалните добитници.Во ова група ке влезат и одбиените кандидати- од првиот јавен оглас кои беа елиминирани заради брзо (двочасовно) исполнување на цензусот за одобрени средства.Деталите ке бидат објавени на Веб страницата на Општина Кавадaрци www.kavadarci.gov.mk.Сите извештаи и прогтрами на образовните институции беа донесени едногласно.

На седницата беа усвоени и други одлуки,порограми и решенија.