НА 20 АВГУСТ ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КАВАДАРЦИ,НЕГОТИНО,РОСОМАН И ДЕМИР КАПИЈА
Во четврток на 20 август 2015 година во координација со Министерството за здравство ќе се изврши втора адултна авионска дезинсекција.
Авионското прскање ќе се врши во утрински часови во периодот од 05:00 до 08:00 часот на територијата на општина Кавадарци. Авионското прскање покрај општината Кавадарци ќе се изведе и на териториите на соседните општини Росоман, Неготино и Демир Капија.
Општината ги информира пчеларите кои имаат сандаци со пчели на територијата на општините кои ќе бидат опфатени со авионсклото прскање, навреме да превземат мерки за заштита на пчелните семејства како не би дошло до несакани последици.
М.Д.