„Нашата Фукушима“ е интернационалната групна изложба, дел од проектот Gogyoshi Art Project International.
Tаа беше отворена синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, а ќе трае до 30 јануари.Изложбата е во организација на Маја Кировска,ликовен уметник од Скопје, Јаготка Томовска, поет од Куманово, холандските уметници Ед Hanssen и Fred van Welie, во соработка со Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.Кировска која ја отвори изложбата рече дека се работи за проект кој е основан од холандските уметници Ed Hanssen и Fred van Welie во 2012 година, поттикнати од поезијата на јапонскиот поет Taro Aizu. Според нивниот концепт, уметниците кои учествуваат во проектот имат задача да создадат уметнички делаинспирирани од gogyoshi поезијата за Фукушима, на Taro Aizu. Gogyoshi е форма на поезија напишана во 5 линии, ослободена од правила за број на слогови, должина на линија и ритам. Taro Aizu има напишано неколку стихозбирки посветени на својот роден град Фукушима. Во нив тој зборува за луѓето на Фукушима, својата љубов кон својот град и за нуклеарната катастрофа по земјотресот и цунамито во март 2011 година, катастрофа која ги принудува жителитеда го напуштат својот роден град.Во текот на четири години од основањето на проектот во 2012 година, изложби со различни поставки, како дел од овој настан се одржаа на многу различни локации ширум светот, со повеќе од 400 уметници-учесници. Со својот меѓународен карактер, проектот гради мостови меѓу народите и уметниците од различни земји. Со организирањето на овој уметнички проект во различни земји се шири иницијативата на уметниците за подигнување на свеста за проблемите поврзани со животната средина, како и нивното влијание врз животите на луѓето.Инаку на средбата синоќа од млади уметници чувме одлчна изведба на клавир и поезија читаа Марија Црвенковски и Милица Паулус.