Изградбата на патот ја финасира Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој
Потпишан е договорот за доизградба на локалниот пат до село Мрзен помеѓу градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев и - Златко Митрев од име на изведувачот на градежните работи - фирмата Ми Комерц.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој а кофинансиран од општина Росоман.
Вкупната сума на инвестицијата е 3.401.173 денари.