Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=3540
    [QUERY_STRING] => id=3540
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 37791
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.15.145.50
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732489256.1239
    [REQUEST_TIME] => 1732489256
)
Најголемата странска инвестиција во земјата е во завршна фаза со очекување на потврдата за затворање на стечајната постапка


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Скопје, 26.10.2018) - ГСОЛ/ Еуроникел, како најголем доверител и инвеститор во ФЕНИ Индустри останува цврст во своите намери и цели да го одржи работниот статус на 800те вработени во компанијата за време на стечајниот процес и да го направи ФЕНИ водечки производител на фероникел во Европа. Инвеститорот досега докажа пред надлежните органи и институции дека има квалитетен план со инвестирање преку 80 милиони евра, одржување на фабриката во производство, заштита на стотици работни места, рестартирање на производството и купување на побарувањата на повеќе од 200 доверители.

Одлуката на Апелациониот суд во стечајниот процес побара неколкупојаснувања во планот за реорганизација, кои ќе се спроведуваат во најкус рок. Планот за реорганизација на ФЕНИ е пример за еден ваков процес и носи позитивни промени, што беше потврдено со одобрување од 98% од страна на доверителите и прифаќање од страна на Одборот на доверители во јуни и јули 2018 година. ГСОЛ/ Еуроникелја потврдува својата посветеностнаимплементација на сите појаснувања кои се потребни за комплетирање на процесот и да може да започне со реализација на инвестицискиот план кој вклучува зголемување на производството, стартирање на втората печка, создавање можности за нови работни места и обезбедување сигурна и извесна иднина за сите засегнатистрани кои зависат од работата на ФЕНИ.

„Најдобрите практики и почитувањето на највисоките меѓународни стандарди се клучните карактеристики на нашите инвестиции и како досега ќе продолжиме да ги следиме насоките што ги бара стечајниот процес. Веруваме дека ова ќе биде направено брзо и ефикасно, со цел да се заштити работниот векна фабриката и сите заинтересирани страни, меѓу кои клучни се вработените и добавувачите. ФЕНИ е на пат повторно да стане најголем извозник во земјата со највисока додадена вредност, па оттука и главен учесник во БДП на земјата", рече МаркосКамис, директор на GSOL.

Во минатата година, ГСОЛ/ Еуроникелвложи многу труд, време, човечки, логистички и финансиски ресурси. Инвестицијата започна со договор за соработка за производство на никел, кој го рестартираше производството. Оттогаш, повеќе од 7.000 тони никел се произведени, повеќе од целото производство во 2017 година, а до крајот на годината, Еуроникел очекува да го надмине производство од 10.000 тони, како што беше во 2016 година. Извозот продолжува, и ангажирани се 200 локални компании кои вршат транспорт од пристаништата во Солун и Албанија, како и повеќе од 1000 домашни снабдувачи на различни материјали. Со оглед на фактот дека ФЕНИ нема свои рудни ресурси, рудата се увезува од меѓународни рудници, со кои располага инвеститорот. Со сето погоре се обезбеди доволно ресурси и технички потенцијал за континуирано производство. Во меѓувреме, платите на вработените кои вклучуваат бонусисе во растечки тренд што го следи зголемувањето на производството.

„Преку договорот за соработка со глобално позициониран учесник во индустријата, ФЕНИ Индустри одново ја воспостави својата позиција како клучен двигател на македонската економија, значително придонесувајќи за нејзиниот раст и развој. Спасувањето на ФЕНИ по период на лошо раководење и нестабилност веќе резултира со поттикнување на локалната економија, преку секојдневно создавање нови работни места, директно и индиректно", рече Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел ДООЕЛ Скопје.

GSOL, матичната компанија на Еуроникел, е меѓународнопознатаинвестициска компанија со поседување на ресурси за фероникел иекспертиза. Групата веќе вработува над 1.500 луѓе низ своите рударски и металуршки капацитети на глобално ниво со експерти од GSOL кои редовно се приклучуваат на тимот на Еуроникел за поддршка на операциите на ФЕНИ во Македонија. GЅOL е основанво 2009 година и неговата најголема инвестиција во природните ресурси ја реализираше со преземање на фабриката за фероникел, Фалкондо во Доминиканската Република во 2015 година, од швајцарскиот конгломерат Glencore. GSOL направи извонреден пресврт на бизнисот во партнерство со Владата на Доминиканската Република.

Еуроникел е македонска подружница на GSOL, одговорна за инвестиции и преработка на фероникел во Македонија.

Биба Тошевски- Канал 77