Се реализира проект за Транспарентни општини во фунција на локалната самоуправа,кој го финасира ЕУ,во склоп на Транспарентни локални самоуправи.Денешната ликовна интервенција, која ја реализираа ученици од Гимназијата „Доби Даскалов„ со професорот Ванчо Кеков, е една од последните содржини.Да потсетиме дека дел од проектот беше и рецептот за локална демократија на кој присуствуваше и францускиот амбасадор во РМ.
Локалната самоуоправа од Кавадарци се вклучи во реализацијата на ова активност. Денеска градоначалникот Митко Јанчев ги посети младите во нивната креативна фаза на изработка на ликовни творби и се задржа во разговор со нив посветен на нивните желби за општество во кое сакаат да живеат и работат.