Mеѓународниот детски фестивал „Гроздоберче„ на 16 и 17, ноември премиерно во Кавадарци во Домот на Културата „Иван Мазов Климе„.Учествуваат 120 деца.Ке бидат изведени 22 песни од 22 изведувачи.
Уметничкиот директор Зоран Станоев- Дејзи со соработниците ги привршуваат завршните организациони работи поврзани со новото 22 издание на Меѓународниот детски фестивал „Гроздоберче 2018“.Годинава ке бидат исполнети, повеќе од просечниот број, 22 песнички , кои ке донесат нова музичка ведрина збогатена со нови изведби и аранжмани.
Сите песнички ке ги прати хор на ОУ„Тоде Хаџи Тефов„ одличната кореографија на наставничката Розалија,балетски изведувачи.Генералната проба е закажана за 16 ноември/Петок/ напладне а вечерта во 19 часот е премиерата.Втората премиера , поради голем интерес ,ке се одржи во сабота на 17-ноември во 19 часот во големата сала на Домот на Културата „Иван Мазов Климе„.Продукцијата она најважната-музичката е на „Компакт-продукција“ Кавадарци, и на Пепи Ангелов.Од фестивалот ке биде издадено и ДВД издание.
Преку порталот„Иди види„-на Телеком само детските фестивали„Гроздоберче„ и Златно славејче „ доживуваат вистинска медиумска промоција ширум светот.Така ке биде и годинава .Телеком и годинава заедно со останатите пријатели е спонзор на фестивалот. Се разбира овде се постојаните покровители; градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци,и другите пријатели на овој веќе етаблиран и многу популарен фестивал на детски песнички.
Годинава покрај домашните ке има и изведувачи од други земји.Две композиции ке бидат од Србија од исполнители на фестивалот„Деца певају хитове„, една песничка е од Рожаје-Црна Гора од фестивалот„ Златна пахуља„ и две песнички се од НР Бугарија, од кои една песничка децата од ова земја ја пеат на македонски јазик а една на бугарски јазик.
-„Инаку идејата годинава да се направи Европски детски фестивал не се оствари , но в година истата ке се реализира.Планот е да се направи фестивал со учество на веќе постојните четири земји и претсавници од : Франција, Литванија ,Унгарија,Романија,Косово,Албанија и други земји.23 издание на Гроздоберче„ ке настојуваме да биде во вистинска смисла интернационално-Европско.„- вели Станоев за РТК.МК кое и годинава е медиумски покровител на детскиот фестивал „Гроздоберче 2018„.
Меѓу посетителите во публиката на генералната проба ке бидат ученици од училиштето „Свети Наум Охридски„-Скопје и ученици од Паралелката за деца со посебни потреби од ОУ„Страшо Пинџур„