-Од денеска сите градинки започнуваат со работа по повеќемесечниот застој поради пандемијата поврзана со коронавирусот.
Со усвојување на протоколите за работа на градинките донесена е одлука за отварање на јавните установи за деца од денеска 09. септември 2020 година Установата ЈОУДГ “Рада Поцева” Кавадарци ќе работи по сите протоколи пропишани од Комисијата за заразни болести.
А според нив:
-Во група од 0-2 година максимално ќе има 6 деца,
-Во група од 2 години па до поаѓање на училиште максимално 15 деца.
Во ЈПУДГ„Рада Поцева„ се згрижени сите деца чии родители доставија уредно документи до поставениот рок. При влез задолжително ќе се мери температура со безконтактен топломер и кај децата и на вработените. Во случај да се појават симптоми ќе се постапува во согласност на алгоритамот изработен од комисијата за заразни болести.
Оваа година обезбедена е поголем број на постелнина за да може хигената да биде на повисоко ниво ,извршено е молерирање,санација на оштетените подови и поставувен нов ламинат за полесно одржување.Исто така обезбедена е заштитна опрема за сите вработени и направена е дезинфекција од страна на ЈЗО во сите осум објекти . Во објектите во Кавадарци воспитно-образовниот процес ќе се одвива по сите протоколи.
Од Општина Кавадрци и ЈОУДГ„Рада Поцева“ соопштуваат дека со примена на сите протоколи за безбеден престој ,сите објекти се подготвени за повторно да ги згрижат и да им посакаат топло добредојде на дечата кои ќе престојуваат во градинката.
м.д.