Кавадарци и Росоман да се вклучат во кампањата за техничка исправност на тракторите
Трибината ја организираше одделението за превенција при полициската станица од општа надлежност Кавадарци а на неа говореа инспекторите за превенција Димитар Каракулев, Благица Кицева и Диме Точков.
-Техничката исправност и светлосно-сигналните уреди се најважни за безбедноста во сообраќајот на овој вид на возила во овој период на берба на грозјето, нагласи Каракулев во изјава за медиумите.
На трибината беа присутни претставници на поголемите земјоделски стопанства кои имаат по четириесетина трактори, претставници на лозарите и земјоделци, претставници на општина Росоман, студенти од факултетот за безбедност.
-Донесовме заклучоци двете општини Кавадарци и Росоман да се вклучат во кампањата за техничка исправност на тракторите, а земјоделските стопанства и земјоделците да ја подобрат техничката исправност на тракторите и земјоделската механизација, рече Каракулев.
Тој нагласи дека сите сопственици на трактори и земјоделска механизација треба да дадат свој придонес за намалување на сообраќајните несреќи.
М.Д.&Д.У.
НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО КАВ