На денешната Прес конференција ченот на на ИО на СДСМ Кавадарци Д-р Диме Коцев говореше за вложувањата во здравствтото и зголемувањеот на платите на здравствените работници.
Интегрален текст:
„Почитувани претставници на медиумите
Почитувани сограѓани
Вложувањата кои владата предводена од СДСМ ги направи во здравството, овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминативе децении.
Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови.
Затоа наш приоритет од почетокот е подобрување и унапредување на јавното здравство, поквалитетни услуги за пациентите и подобри работни услови за здравствените работници.
Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме услови за продолжување на нивниот работен ангажман во сопствената држава, односно можност тие својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.
Во изминативе три години извршено е зголемување на платата во здравството во четири наврати, со што се постигна покачување на основната плата на докторите специјалисти за 40%, на медицинските сестри за 23%, на општите доктори за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.
Ги покачивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници, со што надоместокот за истите е зголемен за два до три пати.
Дополнително вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со ковид-19 ќе добијат награда во износ од 20% од основната плата за 2 месеци.
Наградени ќе бидат сите здравствени работници и соработници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус; доктори, медицински сестри и помошно- технички персонал како што се: болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош -во сите Јавно-здравствени организации- болници, институтите каде што се вршеа испитувањата, здравствените домови кои го организираа транспортот итн.
Исто така во овој период инвестиравме во реконструкции и обнови на оддели во здравствените установи.
Обезбедивме нова современа медицинска опрема, со цел подобрување на условите за работа и лекување во јавните здравствени установи.
Направивме многу до сега, но имаме уште многу да направиме.
Продолжуваме да работиме посветено на подобрувања во секоја област: инфраструктура, опрема, терапија, персонал, затоа што само така, со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите.
Ви благодарам
Диме Коцев
Член на И.О на СДСМ Кавадарци„,
беше соопштено на денешниот прес на ОО на СДСМ Кавадарци.