Општина Росоман денеска го одбележа 17. декември -Денот на фоrмирањето на Општината пред 22 години. Свечената сeдница на Советот ја следеа повеќе граѓани, претставници на државни институции, градоначалници, ученици
Во Програмата за одбележување преку Свечената седница на Советот Локалната самоуправа на овој ден му се даде потребното значење како важно случување на цела Општина.
Пред 22 години Општина Росоман стана самостојна општина со сопствена администрација, градоначалник,свое локално одлучување и уредување.
Денеска на денот на чествувањето градоначалникот Бранко Јанев и Советот на Општината предвидоа и организираа одржување на свечена седница на Советот на Општината .Седницата ја отвори претседателката на Советот Маријонка Печевска а обраќање имаше Градоначалникот на Општината Бранко Јанев. Во својот говор првиот човек на Росоманска општина Јанев, зборуваше за работењето изминатата година вложувањето во разни инвестициони проекти а најави и нови вложувања . Бизнис секторот има неколку најави за вложувања а Општината во комуналната инфраструктура и вложувања во претпријатија од сверата на јавните служби, како и подобрување на условите на здравствена заштита , образовно и културн издигнување.
На свеченоста на учениците Ѓорѓи Димов,Ружица Груева и Мартин Јованов им беа врачени пофалници и награди за достојно презентурањена Општната надвор од неа, за постигнати резултати во образованието .Во културно-забавниот дел настапија ученици од ООУ“„Пере Тошев„ и групата Д`Kапо бенд.
Свечената седница ја следеа претставници на државни институции, градоначалници на неколку Општини,раководители на јавни и приватни претпријатија , граѓани и ученици од Росоман.