Новата година со нетрпение ја очекуваат децата. Денеска градоначалникот Митко Јанчев пакетчиња подари во двете Основни учлилипта кои го носат името на првоборецот Димката Ангелов Габерот.
Најпладите и од двете училишта се потрудиле да подготват програма која доликува за ова весела атмосфера.Така беше и во двете уличишта. Сепак , оние најмалелните ,беа најрадосни, за доаѓањето на Нова година и Дедо Мраз, затоа што добија и пакетчиња.
Само децата знаат и умеат да направат ноговодишна атмосвера каква што можевме да гледаме денеска па и деновиве во Кавадарци. Стокмени точки , со специјално изработени костими од јунаците на светските бајки кои ја симболизираат нова година и Дедо мраз погледавме и во двете учолишта во Кавадарци и Ваташа.Она во село Ваташа нам ни се чинеше за нијанса подобра, што не го намалува спремањето на неколкуте точки на нивните другарчиња и наставниците во Кавадаречкото улилиште.
Дедо мраз и баба мразица со насмевка ги поздравија децата и им подарија пакетчиња, а градоначалнккот Митко Јанчев- трпеливо следеше како тече приредбата,со што уште еднаш покажа дека за децата мисли секогаш.Во година се очекува започнувањето на изградбата на спортската сала во ООУ„Димката Ангелов Габерот„Ваташа, а ке има и други вложувања во образовните институции.