Втора година по ред се организираше и се одржа Бадниковата поворка, во чест на Раѓањето Христово, во која учество земаа децата од нашата општина. Поворката започна од плоштадот и заврши во црквата, каде на децата им беа поделени пригодни подароци. Слава на Бога и благодарност на оние кои придонесоа за реализирање на Бадниковата поворка.Христос се роди!Навистина се роди! За многу години!