ВО САБОТА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ ФК „ЉУБАНЦИ“ КЕ ГО ИГРА ПРВЕНСТВЕНИОТ НАТПРЕВАР ДОМА СО ХОРИЗОНТ ОД ТУРНОВО.ПОЧЕТОК НА СРЕДБАТА ВО 16.30.
Најавената реконструкција на Градскиот стадион во Кавадарци почнува полека да се реализра. Откако не беа исполнети првичните барања за исполнување на минимални услови на градскиот стадион во Кавадарци, тимот на Љубанци мораше својот домашен натпревар од четвртото првенствено коло да го игра во Гевгелија, но се очекува веќе во сабота да се врати во Кавадарци.
На градскиот стадион во Кавадарци веќе се поставени нови боксови за резервните играчи и официјалните лица, кои се наоѓаат на спротивната страна од досега постоечките боксови. Исто така пристигнати се и столчињата кои деновиве се комплетираат и треба да бидат монтирани на трибината од каде се целосно извадени старите столчињата кои беа во очајна состојба.
Во меѓувреме, се чека и завршување на тендерската постапка за изнаоѓање на компанија која ќе ги санира оштетувањата на ѕидовите на градскиот стадион во Кавадарци.
Увид во работата изврши и комисија на фудбалската федерација на Македонија која искажа задоволство од динамиката на работа и постигнатите резултати, поништувајќи ја суспензијата за градскиот стадион во Кавадарци, што значи дека во сабота Љубанци пред кавадаречката публика ќе го пречека тимот на Хоризонт Турново. Натпреварот се игра со почеток од 15 часот и 30 минути.