КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СЕ ОДРЖА ВО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА КАВАДАРЦИ
На 30 јануари 2019 година согласно годишниот интегрален план на организацијата, во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, како прва акција годинава се спроведе доброволна крводарителска акција во Локалната самоуправа Кавадарци .Посебно сакаме да напоменеме дека од година во година на оваа акција бројот на крводарители се зголемува, хуманоста на граѓанството и вработените во локалната самоуправа расте, крв даруваа 24 крводарители, така да оваа година во јануари со крводарувањата во кабинетот за трансфузиологија Кавадарци се достигна бројка од околу 150 единици крв..Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на акцијата е начинот и пристапот на одговорните и вработените од Локалната самоуправа, кои оддаваат голема почит и внимание кон хуманиот човек, односно крводарителот.