Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=4439
    [QUERY_STRING] => id=4439
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 17711
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.12.154.133
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732474359.8422
    [REQUEST_TIME] => 1732474359
)
ОСБСП / Потреба од почитување на сообраќајните правила и прописи


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општински совет за безбедност во сообраќајот ве потсетува за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи кога сте вклучени во сообраќајот .

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во текот на оваа година имаше повеќе кампањи на кои потсетуваше од потребата за почитување на правилата во сообраќајот пред се заради сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Овој пат повод OСБСП се обраќа до граѓаните- учесници во сообраќајот е сообраќајната несреќа која се случи пред две седмици при што беа повредени две млади лица. Жалиме за тоа што се случи истата. Ја делиме боилката со родителите на тие деца, но истовремено уште еднаш потсетува дека нема изговор за непочитување на сообраќајните правила и прописи затоа што тоа може да биде кобно за учесниците во сообраќајот.

Лето е, и се повеќе се користат велосипедите и моторциклите како превозни средства , посебно од младите . Апелираме да се носат кациги , да се вози внимателно и да се почитуваат сообраќајните правила кога сте вклучени во сообраќај со својот моторцикл или велосипед.

009876789.jpg

Општо е познато е дека во сообраќајот најважен фактор за поголема безбедност во сообраќајот е човечкиот фактор. Затоа е потребна постојана едукација, превенција и репресија( казни) за да имаме во градот нормален и безбеден сообраќај. Потребано е во континуитет да се следи правилното одвивањето на сообраќајот во градот и оклината како би се овозможило нормално и безбедно учество во сообраќајот на сите граѓани. Оваа може да се постигне со заедничка активност на сите чинители во општината кои се одговорни и задолжени да работат на подобрување на условите за нормално одвивање на сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните во сообраќајот. Од оваа одговорност не се амнестираме и ние како Совет за безбедност во сообраќајот кој со едукацијата , пред се на младата популација го даваме нашиот придонес за поголема безбедност во сообраќајот.

По оваа, како и по секоја сообраќајна несреќа се поставува прашањето , кој е виновен што дошло до несреќата ;совеста на учесниците во сообраќајната несреќа, возилото, законот или сообраќајната инфраструктура.

Мора да се одговори на прашањето дали и понатаму заради нечие невнимание, зголемена брзина или испиено повеќе алкохол од дозволеното ќе страдат невини граѓани. Колку плачот на мајките на настраданите деца допира до нив, но и до надлежните да преземат поголема активност со цел да се спречи улиците и сообраќајот кој се одвива по нив да биде место на постојани опасности.

На сите оние кои решиле да одат на годишен одмор со своето возило Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот ги потсетува дека треба да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да стигнат живи и здрави на посакуваната дестинација, и во добро расположение да го минуваат годишниот одмор.

ОСБСП

претседател Љупчо Лазов