Општината Кавадарци и Јавната општинска установа детска градинката „Рада Поцева“ работат на надминувањето на проблемот со недостиг на капацитети за опфат на децата од предучилишна возраст во детската градинка.
Општината Кавадарци и Јавната општинска установа детска градинката „Рада Поцева“ работат на надминувањето на проблемот со недостиг на капацитети за опфат на децата од предучилишна возраст во детската градинка.Општината и Јавната установа реализираат проекти за проширување на капацитетите на два објекти. Се доградуваат простории на објектот „Детелинка“ кај ООУ „Тошо Велков-Пепето“, а се доградува и на објектот „Снежана“ кај старатa Ваташка градинка.Според проектот вкупно треба да бидат доградени 7 нови занимални од кои 2 на објектот „Снежана“ и 5 на објектот „Детелинка“. Според очекувањата во овие два објекти треба да бидат опфатени помеѓу 150 и 180 деца.Со реализацијата на овој проект ќе се излезе во пресрет на барањата на родителите чии деца имаат потреба до сместување во градинка.Во напорите за зголемување на опфатот на децата од предшколска возраст, општината изврши адаптација на објектото на новото училиште во село Марена, кое сега ќе има функција на градинка за децата од ова село. Овде се предвидува прифаќање на 25 до 30 деца од село Марена.Општината и градоначалникот паралелно работат и на проект за изградба на нов објект од градинката, со што би се создале просторни услови за згрижување и прифаќање на сите деца од предшколска возраст во градинката.