Општина Росоман ја заврши постаката за набавка на нов трактор, приколка и нож за чистење на снег. Опремата ќе ја користи ЈПКД Росоман со што во голем обем ќе се подобрат услугите кои ги дава комуналното претпријатие. Проектот е финансиран од страна на Светска банка – проект за подобрување на општинските услуги (MSIP).