Kавадарчани ја победија екипата на Mега Баскет со висок резултат 70-31 ( 35-15)
Кошаркарите на Фени Индустри во М-18 лигата , која се повеќе добива на квалитет,покажаа дека се квалитетни играчи и имаат иднина.Под водство на тренерот Атанас Манев овој викенд извојуваа победа од 70:31 против тимот на Мега Баскет.Нашите со оглед на надмоќноста над противникот покажаа висока ефикасност постигнувајќи 71 кош.И противнитот беше слаб но тоа беше шанса да се права егзибиции, да се стрела слободно и да се покаже раскошноста на кошаркарската игра.
Кај Фени Индустри М -18 најдобри според постигнатите кошеви и асистенции беа Трајче Стојанов, Илија Мирков и Блаже Митрев.Но борбеноста беше импереатив кај сите, така што тимот фукционираше целосно компактно.Овие првотимци задено со Златев, кој не играше заради повреда,се иднината на кавадаречката кошарка. Заедно со своите колеги од тимот кој се повеќе добиваат симпатии кај стручната јавност и публиката,ова генерација кошаркари ветуваат перспектива на кавадаречката и македонската кошарка.