Во Галеријата на Домот, беше отворена изложба со деветте најдобро оценети стрипови од Стрип наградата “Лифт“ во организација на издавачката куќа “Темплум“.
Се работи за стриповите на: Никола Панов, Стефан Николовски, Оливер Цветковски, Лазар Ангелов, Виктор Гаврилoски и Магдалена Мирческа, Јована Велинова, Кристина Неделковска, Марија Николаевска и Владимир Трајановски.Тие беа наградени и сместени во заедничкото книжевно издание едно од ретките од ваков тип кај нас. Љубителите на стрипот, имаа можност синоќа да си го купат ова и други слуилни издание на тема стрип.
За конкурсот и за наградените ќе зборуваше Никола Гелевски, член на жирито и уредник на Темплум.Тој на присутните иум се обрати со своите гледања на ова проблематика која е многу малку застапена кај младите, но сепак во последно време ја има и тоа е добро, бидејќи на тој начин чекориме со Европа.Тој се осврна на напорите кои „Темплум„ ги прави за развој на овој вид култура кај нас, преку соодветно анимирање на творците кои и на овој конкурс се од различни возрасни групи и прифили на граѓани.
Од име на домаќинот Домот на културата присутните го поздрави и накратко ги запозна со типот на изложбата и можноста преку неа да се запознаат за една нова културна деност-стрипот, Марјан Тодоровски.,