На ФБ профилот на градоначалникот Митко Јанчев денеска беа објавени фотографии на вандаизам кој синоќа бил демонсриран на улицата „Билевар Македонија„
„Ова е фотографија од булевар "Македонија" каде пред извесен период се интервенираше со градежни активности за да се запре со непрописно паркираните возила, да се подобри безбедноста на децата кои се движат по оваа улица додека посетуваат училиште и за безбедноста на сите нас. ЈП Комуналец секојдневно ја одржуваат хигиената како што може да се забележи од фотографијата. Но она што се случило во текот на вечерта, намерното рушење на металните столбови ја уништува целата фотографија и им ја скратува пред се желбата на нашите деца да можат слободно и безбедно да се движат. Нема објаснување за ваквиот вандализам.“ е наведено во реакцијата на ова дивеење .