На 12.февруари 2017 година се одржа и последната, трета обука од програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хуманите Вредности, циклус 2017.
На оваа последна обука младинците ги продлабочија своите знаења за тоа како се документира проектот и која е важноста на документирањето,како и за тоа кои се критериумите по кои ќе се оценуваат нивните мали проекти. Младинците по завршените обуки во текот на овие два месеца ќе го реализираат на терен . Мотивирани од оваа програма, полни со енергија, тие ќе пристапат кон активна реализација на својата хумана замисла.