Вчера попладне околу 17 часот бил пронајден обесен 56 годишен жител на Росоман.
Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во кавадаречката полиција вчера попладне во 17.15 часот.-Според пријавата, пронајден бил обесен росоманчанец, во помошна просторија од дом во Росоман. Станува збор за лицето Д.Ј. родено 1960 година, информираа од Министерството за внатрешни работи.Увид на лице место извршиле увидна екипа од полициската станица од општа надлежност во Кавадарци и јавен обвинител од Велес, по што телото било предадено на семејството.