Во рамките на 25-то на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово/Кавадарци-2019“ синоќа во Хотелот „Уни Палас“ каде престојуваат уметниците се одржа целовечерен концерт со Тони Китановски Трио и Сашо Поповски Трио. На убавата џез музика претходеше арт-перформанс со ликовниот уметник Ренди Феир од Соединетите Американски Држави кој со креда црташе пред присутните а неговата слика добиваше различен колорит.
Создадените над 100 дела ќе бидат изложени вечерва на затворањето на ликовната колонија „Михајлово-Кавадарци 2019“. Вечерва исто така ќе биде промовирана книгата „Боите на небото и земјата“ од М-р Владимир Темков од страна на професор Кирил Темков.