ЈП Комуналец и Општина Кавадарци денеска стартуваа со нова инвестиција од 1,5 милиони денари, за технолошка вода за потребите на граѓаните и јавното претпритијатие .Граѓаните ова вода можат да ја користат за сопствени потреби-главно во земјоделието, а Комуналец со неа ќе ги обавува работите во градот . Со користењето на ова вода ке бидат заштетени значителни средства.
Истовремено денеска ЈП Комуналец и градоначалникот Митко Јанчев во рамките на проектот „Кавадарци еко град„го промовираа новото комунално возило , метларка, за чистење на поголеми улици јавни површини .Возилото е купено од сопствени средствана на Комуналец во вредност од 3 милиони денари.