Денеска во Кавадарци на местото каде се дели бесплатна храна во УЗ„Слога„ Еко Живот“, кое како Здружение го спроведува проектот БАНКА ЗА ХРАНА, симболично и во работна атмосфера беше одбележан овој значаен ден. Градоначалникот на Општината М-р Митко Јанчев го затекнавме на ова локација, при што уште еднаш ја изрази својата поддршка за продолжување на помошта за сиромашните и гладни граѓани која ја започна пред две години.
Тој беше иницијатор денеска да и се помогне на една наша сограѓанка ,самохрана мајка со пет деца, освен со храна и со подобрување на условите за живеење.
Се поголем е бројот на компаниите кои донираат храна
-СОУ„Ѓорче Петров„ се вклучува во за помош на гладните.
-Банката за храна функционира одлично во Кавадарци.
-Потребни волонтери .