Еуроникел Индустри на децата од основното училиште и градинката во Возарци, денеска им подари новогодишни пакетчиња. Подарувањето пакетчиња е традиционална активност што Еуроникел Индустри ја реализира секоја година во претпразничниот период. Изненадувањето беше проследено со посета на училиштето и градинката од преставниците на Еуроникел Индустри, кои го изразија своето задоволство што компанијата придонесува за зголемување на детската радост што ја носат празниците. Со овој гест компанијата уште еднаш ја изрази својата посветеност кон добросостојбата на заедницата.
Како дел од општина Возарци, Еуроникел Индустри има воспоставено блиска соработка со Месната заедница Возарци како и со Еколошкото друштво Тисовец. Соработката меѓу компанијата и локалните власти и еколошкото друштво се проширува на повеќе области, преку поддршка на активности и манифестации организирани од друштвото или месната заедница. Преку дадена помош компанијата помага и учествува во одбележување на празниците Мала Борогодица и Водици, фудбалскиот турнир, а исто е дел од заедничката организација на Еко квизот што ги опфаќа сите основни училишта во Кавадарци и секако селото Возарци.