Денеска на улица Илинденска беа пуштени во оптек подземни контејнери за собирање на смет. Се молат граѓаните уредно да ги користат и сметот да го ставаат во нив а не покрај нив се со цел за да не се ствара лоша слика во градот а и со самото тоа да бидат еколошки свесни. Ѓубрето ќе се собира два пати во текот на денот и тоа во 23 часот навечер и во текот на денот во попладневните часови.
Инаку работите на изведбата на подземните контејнери ја изврши реномираната компанија„Метал Апостолов„ -Кавадарци .,фирма која продолжува со слична изведба на подземни контејнери на истата улица а потоа и на други локации во градот а со комуналната хигиена и понатаму ке стопанисува ЈП„Комуналец„-Кавадарци едно од најдобрите претпријатија од ова област.